Во Италија речиси 6.000 новозаразени, итно се воведуваат нови мерки
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска објави нови мерки против ширењето на коронавирусот откако во Италија беа пријавени 5.901 нов случај, најмногу од крајот на март.
Италијанската влада по втор пат ги заостри мерките во текот на оваа недела, иако ситуацијата во земјата е помалку сериозна отколку во другите европски земји како Велика Британија и Шпанија.
„Треба да избегнеме вовлекување на земјата во нова целосна блокада, бидејќи економијата веќе почна да расте“, рече Конте на прес-конференција.
Со уредба на владата, која стапува на сила за 24 часа и ќе важи 30 дена, се забрануваат забави во ресторани, клубови и на отворено. На граѓаните им се препорачува да не организираат забави во своите домови и да не примаат повеќе од шест лица истовремено.
Носењето на маски се препорачува и во домашни услови, кога граѓаните имаат гости.
Максимум 30 лица ќе можат да бидат присутни на свадби и други свечености.
„Нема да испраќаме полиција по куќите на луѓето“, рече Конте, одговарајќи на широката критика дека владата неоправдано сака да го контролира однесувањето на граѓаните во нивните домови.
Во Италија, во последните 24 часа пријавени се 5.901 случај на заразени, што е најголем број од крајот на март кога беа затворени продавниците, рестораните и повеќето работни места.
Секојдневно се зголемува и бројот на починати. Денеска се забележани 41 смртен случај, но тоа е сепак многу помала бројка отколку кон крајот на март и почетокот на април кога повеќе на дневно ниво умираа повеќе од 900 луѓе.
Ново на Сител
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава