Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа во 19.15 часот во СВР - Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.
Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.
Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Ирвинг успешно опериран
-
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста
-
Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
-
Кривична пријава за правно лице од Општина Босилово за даночно затајување
-
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар
-
МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода
-
Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева
-
Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето