-->
-->
Во ХНК Загреб овации за „Животот е прекрасен“ на МНТ
-->
Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а во рамките на 41-то издание „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“, синоќа настапи на големата сцена во Хрватско народно казалиште во Загреб.
- Преполната сала со овации ја награди актерска екипа од „Животот е прекрасен“. За гостувањето на МНТ во Загреб имаше голем интерес така што билетите беа распродадени неколку дена пред изведбата. Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за „Животот е прекрасен“.Огромните овации и аплаузи се потврда за тоа како беше прифатена претставата од хрватската публика и јавност, соопшти прес-службата на МНТ.
Фестивалот „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ и оваа година ги собра најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција, како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора.
Фестивалот е во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух од Загреб.
Годинашното 41. фестивалско издание почна на 2 јуни, а организаторите очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници. Затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фадил Хаџиќ“. Оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерњи лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.
Претставата „Животот е прекрасен" во мај годинава гостуваше и во Будимпешта на престижниот фестивал МИТЕМ на сцената на Националниот театар на Унгарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани