Во Грција потврдени вкупно 17 случаи на Омикрон
Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон, со што вкупниот број се зголеми на 17 случаи, а најголемиот дел се неколку области на островот Крит, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатите 24-часа, во земјата беа регистрирани 4.696 новозаразени, починаа 96 лица, а 692 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, од кои 572, односно 82,37 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
На денешната редовна прес конференција за текот на пандемијата во Грција, професорката Вана Папаевангелу соопшти дека во земјата има околу 43.000 активни случаи, а еден од три грчки региони се во темно црвена боја, односно во категоријата со влошена епидемиолошка слика.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 1.022.141 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 19.651 лица.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра