Во Еритреја за 25 години во ропска положба околу 400 илјади луѓе
Владата на Еритреја е виновна за злосторства против човештвото во период од прогласувањето на независноста, пред 25 години, поради ставање на 400 илјади лица во ропска положба и затоа би морала да се соочи со меѓународната правда, соопштија денеска Обединетите нации.
Истражна комисија на ОН за човековите права наведува дека еритрејската Влада на претседателот Исајас Афверкиј, која е на власт од 1991 година, е виновна за систематското поробување, присилната регрутација и други форми за злоупотребување.
- Според нашата проценка меѓу 300 и 400 илјади луѓе се поробени, изјави главниот иследник Мајк Смит во Женева,
Според ОН околу пет илјади жители на Еритреја месечно ги ризикуваат животите во обид да ја напуштат земјата, каде поради присилна мобилизација во униформа можат да поминат децении.
- Многу малку Еритрејци се ослободени од задолжително служење на воен рок, рече Смит.
Во извештајот ОН бара и извршителите да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
- Злосторства против човештвото се вршени масовно и систематски во еритрејските објекти за притвор, воените кампови за обука и други локации ширум земјата во изминатите 25 години, се наведува во извештајот.
На почетокот на 1991 година, кога се случи отцепувањето на Еритреја од Етиопија, почна војна, која трае веќе три децении.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари