Во два дена приведени тројца велешки дилери
Три лица се приведени во Велес изминатите два дена поради поради пуштање во промет на опојни дроги, соопшти СВР Велес.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски изјави дека вчера во 11:00 часот на улица „Благој Киров“ од слобода се лишени И.Г.(24) и М.Г.(43) од Велес поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 215 од КЗ на РМ, „недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги“.
Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски при претрес кај лицата се пронајдени и одземени поголеми најлонски кесиња најверојатно со марихуана.
На ул. „Родна Ивева“ завчера во 20:00 часот од слобода бил лишен Р.У.(19) од Велес поради основано сомнение за извршено на истото кривично дело.
- При претрес на лицето пронајдени се и одземени две помали кесиња најверојатно со хероин и кесе со околу 50 грама најверојатно марихуана, појасни Додевски.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно