-->
-->
Во Данска пријавен првиот случај на новиот вид на коронавирус од Јужна Африка
-->
Данска го регистрираше првиот случај на позаразниот вид на коронавирус, откриен во Јужноафриканската Република, јави денеска Државниот институт за серуми.
Според Институтот, станува збор за вид на вирус познат како Б.1.351 / 501Y, пренесуваат британските медиуми.
Претходно данските здравствени власти денеска јавија дека во земјата се регистрирани вкупно 256 случаи на инфекција со Б117, исто така позаразен вид на коронавирус, првпат идентификуван во Велика Британија.
Досега во Данска се пријавени 188.199 случаи на коронавирус, а умрени се 1.747 лица.
Данска во средата ја продолжи блокадата за три недели во обид да се намали ширењето на новиот вид за кој властите стравуваат дека ќе биде доминантен до средината на февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници