Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри
Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појави огромна дупка со дијаметар од околу 25 метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти. Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата. Таа област, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Lundin Mining, пишува Гардијан.
Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дозна за дупката во саботата и испрати експертски персонал во областа, рече директорот на службата Дејвид Монтенегро. „До дното има значително растојание, приближно 200 метри. Не откривме никаков материјал во дупката, но видовме присуство на голема количина вода“, истакна Монтенегро. Сернагеомин извести за затворање на областа од влезот на локацијата на рудникот Алкапароса, која се наоѓа во близина на дупката.
Ландин Манинг вчера соопшти дека дупката не влијаела ниту на работниците, ниту на заедницата. „По откривањето на дупката, областа веднаш е изолирана и информирани се соодветните регулаторни органи. Во тек е техничка анализа за да се утврди причината за дупката. Најблиската куќа е на 600 метри од дупката, а населените места и јавните служби се на речиси еден километар оддалеченост од местото на формирање на дупката“, објави канадската компанија.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија