Во Бугарија ќе се продолжи вонредната состојба поради Ковид-19
Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов за време на состанокот со претставници на туристичката индустрија во Бугарија најави дека во државата ќе продолжи вонредната ситуација поради пандемијата.
– Првиот е со потврда за вакцинација, со негативен ПРЦ тест и третиот со документ дека е прележан вирусот во изминатите 6 чесеци.
„Она што сакам да го кажам е дека одржавме состанок пред повеќе од месец и половина, на кој презедовме две обврски. Првиот беше, најдоцна од почетокот на мај, да ги направиме правилата за влез во земја конкурентни на нашите соседни земји со цел да го спасиме бугарскиот туризам и оваа година да имаме подобра сезона, што ќе биде добро за целата земја”, додаде министерот Ангелов.
„Втората обврска што ја презедовме за туристичката индустрија беше од почетокот на мај да започнеме со вакцинирање на сите кои работат во областа на туризмот. Сите оние кои поднеле барање да се вакцинираат ќе бидат вакцинирани од почетокот на мај, за да можат безбедно да работат во хотели на црноморскиот брег и во земјата”, додаде тој.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај