Во Битола се одржа ревија на носии „Традицијата оживува“
Приватна колекција на народни носии, од етничкиот предел Долни Полог, на колекционерот од Скопје Бојан Петковски, синоќа ги збогати содржините на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола.
На ревијата беа прикажани социјалните аспекти на женски народни носии од селата во околината на градот Тетово кои колекционерот и автор на ревијата ги собирал истражувајќи во периодот од четири години.
- Ревијата како сценско-уметнички проект е во функција на оживување на традицијата и затоа ја нареков „Традицијата оживува“. За време на ревијата девојките со носии пеат, покажаа дел од орската култура, инструменталната традиција и затоа станува збор за една синкретична форма, а не само ревија. Во ревијата се вклучија уметници од ансамблот „Македонија“ кои носеа носии на невеста, млада невеста, жена во средно доба, стара жена и стара жена во жалост, појасни Петковски.
Ревијата на народни носии „Традицијата оживува“ по синоќешното премиерно претставување на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола, во наредниот период ќе биде презентирана во Штип и во Скопје.
Ново на Сител
-
ЕУ ги започнува преговорите за членство со Украина и Молдавија
-
Стејт департментот ги внесе Русија и Белорусија во списокот држави спонзори на трговија со луѓе
-
Макрон: Победата на крајната левица или десницата може да предизвика граѓанска војна
-
Состојба на патиштата
-
Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи
-
Муцунски на средба со Вархеји: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
-
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
-
Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе