Стејт департментот ги внесе Русија и Белорусија во списокот држави спонзори на трговија со луѓе
Русија и Белорусија, покрај Северна Кореја, Туркменистан и Сирија, се најдоа во списокот од 13 држави чии власти ја финансираат трговијата со луѓе, се наведува во најновиот Извештај за трговија со луѓе во 2024 година.
Извештајот беше претставен синоќа од државниот секретар Ентони Блинкен. -Дигиталните инструменти го засилија опфатот, големината и брзинта на трговијата со луѓе.
(Трговците со луѓе) користат онлајн платформи за продажба на незаконски сексуални содржини. Тие користат шифрирани пораки и дигитални валути за да избегнат откривање, рече Блинкен.
Според оценките на Меѓународната организација на трудот, во 2021 година 27,6 милиони луѓе во светот биле подложни на принуден труд, или 2,7 милиони повеќе споредено со 2016 година. Од тие 27.
6 милиони, 6,3 милиони луѓе биле под услови на принудна комерцијална сексуална експлоатација, а 3,9 милиони биле подложни на принуден труд наметнат од државата.
Блинкен истакна дека користењето на онлајн алатки придонело трговците со луѓе да го рашират својот опфат. -Трговијата со луѓе е проблем кој ниту една земја не може да го реши сама, додаде Блинкен.
Ново на Сител
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите