Во Битола отворена државна изложба на детски ликовни творби
НУ Центар за култура-Битола денеска ја претстави 41. Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.
Панде Петровски, претседател на стручната жири комисија, која воедно одлучуваше и за наградите на најдобрите учесници, информира дека на годинешниот конкурс учествуваа 2.000 творби од ученици во целата држава, а на изложбата се презентирани 506 творби.
- Тематската обработка и мотивите се отсликани на високо нивои притоа се користени сите техники и материјали за ликовно искажување. За публиката ги издвоивме најдобрите детски ликовни творби кои воедно ги наградивме. Со оваа изложба како една од ретките што го негува фолклорот продолжуваме да им овозможуваме на децата да создаваат бисерни дела кои се бисерни капки во реката на континуитетот на традицијата, посочи Петровски.
Со одлука на жирито специјална награда годинава им е доделена на општинските основни училишта „ГоцеДелчев“ од Неготино и „Наим Фрашери“ од Тетово.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари