Во Битола ќе биде одбележан Денот на албанската азбука
Албанската заедница во Република Македонија денеска го одбележува Денот на албанската азбука.
На денешен ден во 1908 година, Албанци интелектуалци од Балканот на конгрес во Битола ја унифицираа албанската азбука.
Манифестација по повод Денот на албанската азбука ќе се одржи во Битола во организација на Министерството за култура во соработка со Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор при Владата.
Во Центарот за култура во Битола концерт ќе одржат виолинистот Шкeљзен Доли од Виенската фухармонија и оркестарот на Универзитетот на Тирана „Ибрахим Мади“ под диригентство на Ољси Ќинани.
Во НУ Музеј на албанската азбука во Битола ќе биде отворена Спомен - собата на Комисијата на албанската азбука, во која се претставени нејзините 11 членови кои во 1908 година одлучиле за новата азбука на Албанците.
Денот на албанската азбука е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани