Во 2022 над 110.000 луѓе се заразиле со ХИВ во Европа
Повеќе од 110 илјади луѓе се заразени со вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ) во Европа во 2022 година, а стапката на инфекција е особено висока во земјите од Источна Европа, пред се во Русија.
Бројката од 110 илјади се однесува само на лица со реална и потврдена инфекција, а се верува дека реалната бројка е значително поголема, пишува германскиот портал за статистика „statista.de“ по повод Меѓународниот ден на борбата против ХИВ/СИДА, 1 декември.
Според графиката, која се базира на податоците на Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), сличен број имаат и земјите од Балканот, со исклучок на Грција на инфекции како земјите од Централна Европа, Скандинавија, Италија и Турција, што е во просек 4,5 заразени на 100 илјади жители.
На Запад од Европа, во Франција, Португалија, Велика Британија и Полска, тој просек е многу сличен и изнесува 5,1 заразен на 100 илјади жители. На истокот од стариот континент е значително повисок, особено во Русија со 38,4 заразени, потоа во Украина со 29,8 заразени на 100 илјади жители. На целиот европски континент во просек се заразени 12,4 лица на 100 илјади жители. Бројките се малку зголемени во споредба со 2021 година.
ЕЦДЦ констатира зголемување на бројот на дијагнози на ХИВ во 37 од вкупно 49 земји, од кои 26 во Европската Унија, кои биле предмет на анализа, а во некои случаи и со рекордни вредности.
Експертите гледаат неколку причини за ова. Првата е масовната миграција, но исто така клучно е што по пандемијата, здравствените служби повторно почнаа да функционираат нормално и открија повеќе случаи на зарази. Покрај тоа, беа воведени нови методи за тестирање и дијагностика.
Ново на Сител
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
-
„Врските не враќаат човечки живот“, почна протестот на Партизанска за загинатата Фросина | ФОТО