ВМРО-ДПМНЕ: Власта врши притисоци и закани, место да ги качи платите во образованието
Власта на СДСМ и ДУИ наместо да одговори на логичните и оправдани барања за повисоки плати на вработените во образованието, врши притисоци и закани. Тоа кое што го говорат синдикалците е само уште еден показател на целокупното владеење на СДСМ. Тие проблемите ги решаваат со закани, заплашувања и притисоци.
Вработените во образованието оправдано бараат повисоки плати бидејќи тоа ги следува согласно колективниот договор. И нив како и сите граѓани ги погодува силната инфлација која во месец март достигна 8,8%, а клучните трошоци за живот поскапеа од 30 до 110%
Власта наместо со закани треба да им одговори на просветарите како е возможно да нема пари за повисоки плати, а да има милион евра за криминални физибилити студии, 2 милиони евра за мебел, цвеќиња, фстаци и хотелски услуги и 2,5 милиони евра за службени возила.
Власта на СДСМ и ДУИ треба да признае дека поради нивната лоша економска политика 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, економијата тоне, растат долговите, а стандардот на народот од ден во ден е се полош.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти