ВМРО-ДПМНЕ: Вилма Русковска и натаму го штити Зоран Заев
Одработувањето за Зоран Заев и прикривањето на неговите криминали не се нови обврски во агендата на Вилма Русковска.
Пред да го заштити во случајот „Рекет“, Русковска го штитела и за очигледен изборен криминал, документиран со посебни истражни мерки.
Вилма Русковска и натаму го штити Зоран Заев по секоја цена. Италијанскиот медиум Ла Верита вечера објави нови докази за криминалите на Зоран Заев, докази кои ги има обвинителството, но предметот за Заев и натаму се чува во фиока. Во таа фиока има докази за изборен поткуп, закани, уцени, притисоци кои го оневозможуваат со Устав загарантираното право на граѓаните слободно да ја изразат својата волја на избори.
Во обвинителството за организиран криминал има докази, ПИ мерки на кои се слуша гласот на аболицираниот Заев и неговиот брат Вице Заев како отворено говорат на телефон за злосторничкото здружување кое го имаат формирано, односно високо развиената мрежа за купување на гласови преку уцени и поткуп на гласачите.
По фамозната снимка во која Зоран Заев бара евро за неговиот брат, сега гледаме како тој нуди од 10 до 25 евра од глас.
Обвинителството мора да се ослободи од стегите на Зоран Заев. Предметот мора да се процесуира, бидејќи иднината на државата зависи од разрешницата на овие предмети на висока корупција. Низата на корупциски афери во кои се вмешани високи државни и партиски функционери на СДСМ, а кои немаат правна разрешница се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата.
Правда мора да има! По 12 април доаѓа обвновата на Македонија, обнова на правосудниот систем и враќање на правдата во Република Македонија, а тогаш ќе одговраат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставија во одбрана на криминалот и корупцијата наместо да ги гонат сторителите!
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно