ВМРО-ДПМНЕ: Стоилковски предадe докази до ОЈО, oчекуваме дека ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“
Почитувани,
Денеска до Основното јавно обвинителство ги доставивме документите во врска со случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија, онака како што најавивме.
Страшно е што и по три месеци наводна работа предистрага, нема оформен предмет во Основното јавно обвинителство и нема започнат процес за „Диво месо“, а мафијата се уште функционира, работи на Онкологија, бидејќи никој таму не е опфатен со некаков процес со кој што би бил отстранет од работата.
Јасно е дека зад ваквото однесување стои политичка одлука, СДС веднаш застана зад „Канцер мафијата“ по објавувањето на документите доставени од укажувач во ВМРО-ДПМНЕ.
Сето тоа се гледа и од односот со и кон работата на Комисијата во Собранието посветена на случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија.
Денеска до Основното јавно обвинителство предадовме документи доставени од укажувач коишто посочуваат:
1. Дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапијата за болните кои што се третирале на Клиниката, никој не ги предупредил оние кои што требаа да ја испорачаат и никој за тоа не одговарал, односно за работата на омилената фармацевтска куќа на власта.
2. Доставивме докази дека се создавале можеби фиктивни вишоци на лекови и терапии, тие биле нарачувани, а пациентите сепак не ги добивале.
3. Докази дека никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, пакување, со што постојат сомнежи дека вишокот завршувал надвор од болницата.
4. Дополнително терапијата била давана на пациенти во торбички на пациенти за да се искористат во приватни установи, а била наплаќана услуга како да била аплицирана во Универзитетската клиника!
Почитувани,
Очекуваме дека сепак кај Јавното обвинителство ќе проработи човечноста и спротивно на поддршката од власта за „Канцер мафијата“, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“ на Онкологија.
Се работи за „Канцер мафија“, „Диво месо“ кое што го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален