ВМРО-ДПМНЕ со нови детали од договорот со „Бехтел и Енка“ - 70% од работниците ќе бидат странци
Во интерју за Фокус потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски открива нови детали од договорот кој државата го потпиша со Бехтел и Енка. Николовски тврди дека 70% од работниците кои ќе бидат ангажирани за изградба на Коридорите ќе бидат странци.
„ Во договорот со Бехтел и Енка, конкретно во план 11, дефинирано е дека од вкупниот број на работници,30 проценти ќе бидат домашни, а 70 отсто странци.
Што знаќи дека 70 проценти од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци.
А премирот лаже дека најмалку 51 отсто ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работниците, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци. Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија, треба да добие работна дозвола и дозволи за престој.
Само за работниците на автопатите на Бехтел и Енка ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат во Македонија,додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. Ова е уште едно прекршување на законите“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во интервју за Фокус.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш