ВМРО-ДПМНЕ: Со Царовска нема учебници, нема свидетелства, нема план за одржување на настава
Царовска без компас, на 10-тина дена пред почеток на учебната година не ги информира граѓаните како ќе се одвива наставата.
Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн.
На десетина дена пред почеток на учебната година ниту родителите, ниту наставниците па ниту на учениците не им е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование.
Учебници за останатите одделенија, но и за средните стручни училишта кои не се по новата Концепција исто така нема.
На десетина дена пред почеток на учебната година Царовска потфрли и со свидетелствата коишто уште не се напишани и најверојатно ќе се пишуваат во последен момент.
Крајот на министрите како Царовска е близу.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“