Македонија
1. July 2024 - 16:10

Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на Кораб | ВИДЕО

Пред два дена албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на Кораб.

 „Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Изет Шулку албански државјанин на својот фејсбук-профил и објави видео.

На видеото може да се забележи дека Шулку е придружуван од уште неколку други лица.

Од МВР се уште не се огласиле за овој инцидент.