Македонија
14. August 2018 - 12:05

ВМРО-ДПМНЕ: Смената на имињата на државните институции и бришење на зборот Македонија, директно загрозување на идентитетот

СДСМ прави огромна штета, смената на имињата на сите државни институции и бришењето на зборот Македонија значи директно загрозување на македонскиот идентитет

Повторувањето на те едни исти соопштенија од Центарот за комуникации на СДСМ само ја потврдува летаргичноста и некреативноста на СДСМ како партија која за сметка на тоа целосно е посветена кон разграбување на државата, криминал и корупција од огромни размери.

Капитулацијата која ја потпиша Заев нема да се покрие ниту со стерилни пресови и соопштенија.

Единствената пречка за напредок на Република Македонија е Зоран Заев и неговите луѓе.

Иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме, тоа е изневерени очекувања, криминални тендери, хедонизам, и корупција.

СДСМ со капитулантскиот договор меѓу другото го загрози и институционалниот идентитет. Смената на имињата на сите државни институции и бришењето на зборот Македонија значи директно загрозување на македонскиот идентитет.

Но Република Македонија има и друг проблем, а тоа се криминалиите кои станаа основен белег на оваа власт.

Со вакви антидржавни политики на Заев и СДСМ нема да се доближиме до ЕУ и НАТО.

Народот знае дека за Македонија да победи, Зоран Заев мора да си замине!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ