ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што СДСМ собира партиски војници, за државен попис, пописот веќе е компромитиран
Скандалозно е што СДСМ собира партиски војници, за државен попис, пописот веќе е компромитиран. Во која држава владејачката партија собира партиски членови за државен попис. Тоа е суштината, тие собираат платена војска кока треба да направи фингиран попис. Ако било за општествено ангажирање на СДСМ зошто тогаш тој оглас не го споделија општествено одговорни фирми, и компании туку само СДСМ? Затоа што го приватизираа процесот.
СДСМ објави па избриша, па повторно објави на својата фејсбук страница оглас за попишувачи. СДСМ го политизира пописот во целост. Со вчерашната активност СДСМ му даде целосно партиски печат на пописот.
Власта од вчера од пописот официјално направи партиска приватна забава, а не статистичка операција од витално значење за државата.
СДСМ прво објави оглас за попишувачи на фејсбук страните на своите локални ограноци, откако ВМРО-ДПМНЕ и јавноста бурно реагираа ги избришаа огласите, за по некое време свесни дека нема да им помине бришење од официјалната фејсбук страна на СДСМ да го објават огласот со наратив на кој никој не верува.
Заев нема капацитет за да изведе една работа во корист на државата и на се лепи партиска етикета. СДСМ никогаш не го гледале пописот како статистичка државна операција, туку алатка за коалиционо пазарење.
Веќе нема криење. СДСМ го приватизираше пописот. После вчерашниот дебакл власта мора да го одложи пописот. Од партиски попис државата нема да има никаква полза. Одлагање на пописот веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември
-
Каевски ја оперирал ногата, судењето за спортски ваучери се одложи
-
Состојбата во затворот „Идризово“ алармантна, новиот министер денеска во посета
-
Невремето ќе трае до утре, граѓаните да внимаваат од молњи
-
33 издание на меѓународниот хорски фестивал „ТЕХо“