ВМРО-ДПМНЕ: Секоја идна обврзница ќе биде поскапа
Колку Ковачевски ги задолжи граѓаните со пропаднатата еврообврзница, колку пари ќе се платат на консултантските куќи и тоа што истата била пласирана?
Колку Ковачевски ги задолжи граѓаните со пропаднатата еврообврзница, колку пари ќе се платат на консултантските куќи и тоа што истата била пласирана?
Цехот за неспособноста на владата ќе го платат граѓаните од Буџетот.
Ковачевски кој се фали дека доаѓа од приватниот сектор и водел големи компании, доколку ваква грешка направеше во истите тие компании, тој ќе беше избркан, и ќе бараше работа во АВРМ, а не да остане на истата позиција.
Еве пред да одговорат на ова соопштение луѓето кои пишуваат партиски реакции во СДС нека го побараат Ковачевски и нека го прашаат, дали тој уште би бил на раководна позиција, доколку ова го направеше како директор во меѓународна компанија.
Тоа што Ковачевски и Ахмети сега се однесуваат со Македонија како да е нивна семејна фирма, ДООЕЛ не значи дека утре нема да одговараат.
Ковачевски го урниса кредибилитетот на државата и институциите, секоја идна обврзница ќе биде поскапа. Потребна е одговорност, а не префрлање на топката и прикривање зад колективаната одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија