ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ неконтролирано и без основа се задолжува
СДСМ неконтролирано и без основа се задолжува. Власта вчера не задолжи за 33,2 милиони евра, односно 6,7 милиони евра повеќе од првично планираните и побараните 26,5 милиони евра.
Огромни задолжувања, а никакви проекти. Реализираните капитални инвестиции во јануари 2018 година се само 242 милиони денари, односно шест пати помалку од јануари 2017 година, кога за капиталните инвестиции беа потрошени 1 милијарда и 300 милиони денари.
СДСМ треба да одговори на што се трошат парите на граѓаните, ако не на капитални инвестиции?
Расипништвото на власта од нејзиното доаѓање до денес граѓаните ги чинеше 1,4 милијарди евра. Од кои 669 милиони евра се пари задолжени само во 2018 година.
Милијарди долг, а скоро никакви капитални инвестиции.
Власта мора да одговори каде одат парите кои ќе ги враќаат идните генерации? СДСМ додека беше опозиција ветуваше транспарентност при задолжувањето, за сега од позиција на власт да крие од граѓаните на што ги троши парите од задолжувањето.
Задолжувањето како инструмент за финансирање на Буџетот е оправдано само доколку со истото се реализираат капитални инвестиции, проекти и мерки, кои се одржливи и генерираат додадена вредност со која може да се враќаат кредитите. Власта спротивно на економската логика, се задолжува, а притоа не реализира капитални инвестиции, кои ќе генерираат пари за поврат на долгот.
СДСМ ги закочи капиталните проекти почнати во време на ВМРО-ДПМНЕ и развојот на државата го стави на коцка, за сметка на партиските вработувања и други расипнички трошења, од кои бенефит имаат само активистите на СДСМ.
Лага беа сите ветувања на СДСМ за економска стабилност на земјата, лага се сите ветувања за проекти и мерки за развој на државата. СДСМ ја носи државата кон должничко ропство. Неконтролираното задолжување го загрозува нормалното функционирање на државата во периодот што следи, изјави Никола Мицевски одпартиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет