ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја погреба правната држава, го прегази правото и правдата
Заев треба да го слушне гласот на народот. Гласот на 1,2 милиони граѓани кои не се согласуваат со промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија. Граѓани кои не се согласуваат со антидржавните политики на владата на СДСМ и капитулацијата која им ја подметнува Зоран Заев.
Македонскиот народ уште еднаш го покажа својот непокор. И покрај сите закани, уцени и притисоци на власта , народот се одважи и го одбрани сопствениот национален идентитет. Ниту СЈО, ниту партиското судство на Заев, ниту заканите за бркање од работа не ги поколебаа граѓаните да ги заштитат националните и државните интереси кои Заев ги распродава.
СДСМ ја погреба правната држава, го прегази правото и правдата. Пресудите и обвиненијата се пишуваат на Бихаќка. Заев е во паника и повторно го активира партиското обвинителство СЈО. СЈО му користи за политички прогон и пресметка со политичките неистомисленици, мислејќи дека ќе ги заплаши.
Тоа нема да се случи! Македонија и ВМРО преживеале многу низ историјата, а ќе го преживеат и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува волјата на граѓаните и нивната мудра одлука да не го прифатат капитулантскиот договор од Преспа.
Во Македонија народот е суверен и оној кој одлучува, како што и доликува на една демократска земја. Заврши времето на транзициските политичари кои се однесува кон државата како кон своја лична своина и носеа одлуки на штета на државните и националните интереси, само со цел спас на своите политички кариери.
Заврши времето на овие луѓе кои 27 години ја пљачкосуваа и пустошеа државата. Дојде времето на нови победи, на нови успеси на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата