ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги остави општините низ државата и градот Скопје во долгови
СДСМ ги остави општините низ државата и градот Скопје во долгови, а проектите се нецелосни.
Скоро сите општини низ Македонија и во градот Скопје се во долгови.
Проектите со кои Шилегов и СДСМ сакаат да се фалат се нецелосни.
Мостот во Аеродром не е мост. Тој нема пристапни улици, и наместо продолжување во булевар, завршува во дневма соба.
Мостот во Аеродром кој не е ниту завршен, не води никаде.
Сите проекти кои Шилегов ги започна се фалични.
БРТ системот е нефункционален и затоа е запрен. Шилегов и СДСМ со тој проект го загрозуваат снабдувањето со вода на цело Скопје. Според планираното автобусите би поминувале над главната водоводна цевка, која не е дополнително заштитена и може да дојде до сериозни хаварии.
Скопје има потреба од функционални решенија, а не од скапи кредити и неиспланирани работи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-
Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија
-
Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница