ВМРО-ДПМНЕ: Паушални и неточни бројките на Тевдовски за неплатените обврски на државните институции
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција за неплатените обврски на државните институции изнел паушални и неточни бројки за што говорел и фактот што, како што наведуваат во реакција, не знаел да каже кога и како овие наводни долгови биле направени.
- СДС е сега власт и ја има одговорноста да се грижи за државата и економијата, а не преку празни и бледи прес-конференции да ја манипулира јавноста и да наоѓа секакви оправдувања за да избегне од реализација на ветувањата дадени на граѓаните. Тевдовски со вакви прес-конференции ниту ќе ги покрие штетите од недомаќинскиот ребаланс, ниту ќе ги убеди стопанствениците дека државата е задолжена и оти само што не ни се случило грчко сценарио, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, министерот Тевдовски зборувал за презадолженост на државата кон стопанството, но стопанствениците вчера го кажале токму спротивното. Кога Тевдовски зборува за задолженост веројатно мисли на 70-тината милиони евра или речиси 4,5 милијарди денари кои тој преку аукции на државни хартии од вредност ги направи во последните четириесетина дена, се потенцира во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ, се додава, а и јавноста со право се загрижени за конфузноста и неодговорноста која изминатите денови доаѓа од едно сериозно министерство како Министерството за финансии. Ваквите загрижувачки пропусти почнаа со новите долгови, преку кратењата на средствата со буџетот за суштински проекти во интерес на граѓаните, па се до исплатата на штетите и субвенциите на земјоделството, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО
-
Се уште нема нови информации од информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот