ВМРО-ДПМНЕ обвини за партиски вработувања во Министерството за култура
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во тимот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски за специјален советник за култура на Алаѓозовски е именуван Златко Теодосиевски кој, според нив, е уште еден партиски војник поставен на функција.
- Теодосиевски, исто како и Грчев, Ѓунер Исмаил, Сашо Тасевски и останатите, стана дел од тимот за лечење фрустрации во културата преку сеење омраза, воден и координиран од Роберт Алаѓозовски и неговите сталинистички методи за пресметка со неистомислениците. Златко Теодосиевски во својот најнов текст поплука врз споменот на Тоше Проески и Мајка Тереза, згрозен што Македонија решила да им оддаде почит на овие великани преку изградба на музеи, изјави пред Министерството за култура Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Теодосиевски кој во својот творечки опус немал ништо освен навредливи колумни и еден негативен извештај од времето кога бил директор на Националната галерија, сега е, вели, лут на починати реализирани и светски признати уметници од Македонија и се противи, додава, против тоа што нивното дело е достојно уважено од Република Македонија.
- За ваквото неспособно делување наскоро ќе следи политичка одговорност, а за незаконското работење и кривична, вели Милошевски.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат