ВМРО-ДПМНЕ: Нема свидетелства, регистарски таблички и лични документи на граѓаните, зошто воопшто постои Владата на Заев?
Со владата на Заев Македонија тоне. Поради нивната неспособност граѓаните не може да ги добијат основните услуги од државата. Граѓаните не може да извадат пасош,лична карта, возачка дозвола, основни лични документи со кои нормално се работи, патува или функционира, не може да извадат регистарски таблички за своите возила или пак учениците да добијат сведотелства кои според сите правила на логиката се издаваат на крајот на учебната година. Граѓаните и државата се заложници на нивното незнаење, неспособност, неодговорност и криминогени бизниси.
Лагите дека граѓаните се виновни, не само што не држат вода, туку се потценување на интелегенцијата на народот. Власта на Заев била и е должна да обезбеди секогаш сведителства, регостарски таблички и лични документи, да предвиди и да набави, бидејќи тоа е основна задача и за тоа се платени од парите на граѓаните. Впрочем зошто постои владата на Заев ако не може вакви елементарни работи навремено да решава? Со ова покажуваат дека се целосно неспособни и да имаа грам доблест досега ќе беа поднесени оставки.
Но каков Заев, таква влада, за својата неспособност секогаш алиби бараат обвинувајќи ја опозицијата, народот или било кој друг.
Недозволиво е граѓаните на Македонија да не можат основни лични документи да вадат и се граѓани од втор ред во споредба со мафијашите, нарко босовите, убијците и терористите кои експресно вадат лажни исправи од македонски институции.
Овие 4 години власт на Заев се украдени и изгубени години. Доста е од неспособната, криминална и неодговорна власт на Заев!
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници