ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е на дното во Европа, поради катастрофалните економски политики
Македонската економија е на дното во Европа поради катастрофалните економски политики кои ги води Владата на СДСМ. Владата на СДСМ е фокусирана на деструкција, уривање споменици, притворање на неистомисленици, а економијата не е ниту во втор план, туку е крајно маргинализирана.
Во услови кога цела Европа забележува високи стапки на раст на БДП, македонската економија стагнира.
Пад бележат дејностите: информации и комуникации, финансиски услуги, јавна управа и одбрана, активности во врска со недвижниот имот, освен дејностите трговија и земјоделство.
Наместо Владата да промовира мерки со кои директно ќе ја помогне економијата, со површни мерки и гол популизам, купува време за опстојување на власт. Популизмот на Заев се сруши пред фактите и бројките, објавени од Државниот завод за статистика.
Неспособноста да испорача економски раст, владата ја покрива преку пресметка со политичките неистомисленици.
За да не се занимаваат граѓаните со расипништвото на владата, СДСМ преку правосудните органи монтира политички случаи против своите неистомисленици. СДСМ неосновано во притвор ги смести токму оние кои беа најгласни против нивните катастрофални политики на секое поле. Патриотите кои го кренаа својот глас против штетните политики на Заев сега треба да бидат жртви преку кои ќе се заплашуваат сите идни критичари на власта.
Политичкиот прогон мора да запре. Обвинителството мора да престане да креира монтирани обвиненија и да работи на сузбивање на реалниот криминал кој ја влоши безбедносната ситуација во државата.
Судството мора да се ослободи од стегите на власта и да престане да постапува по партиски директиви. Македонската економија е во слободен пад и владата веднаш треба да започне да ја подобрува економската клима во државата. Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и ќе се врати правната држава.
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата