ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска во УЈП ќе потроши 440 илјади евра за привремени вработувања во време на криза
Власта на Заев нема една набавка во која нема сомнеж за сериозна злоупотреба.
Последен таков случај е набавката која ја направила новоименуваната заменичка претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска која набавувала компјутери по цена и од 2400 евра.
Имено УЈП набавува 100 компјутери по цена од 45.423 денари без ДДВ, 250 лаптопи по цена од 53 766 денари без ДДВ и 40 лаптопи по неверојатни 145.848 денари без ДДВ по парче. Или вкупно над 400 илјади евра ќе потроши Лукаревска во овој турнус набавки на компјутери во ек на економска криза.
Патем истата таа Лукаревска склучила и дополнителен договор вреден 440 илјади евра со приватна агенција за вработување за само година дена, преку кој договор ќе бидат ангажирани 33 лица, иако во УЈП веќе се распоредени над 100 лица кои беа дел од „рамковните вработувања“.
Лукаревска како и нејзиниот ментор Заев е ставена во полн погон на неразумно трошење на народните пари во време кога 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, 60 илјади се новоневработени, а над 6.000 компании ставија клуч на врата поради кризата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување