Македонија
20. August 2023 - 8:43

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не ја држи Македонија заложник поради својата фотелја, изборите се единствено решение

Ковачевски да не ја држи Македонија заложник поради својата фотелја, изборите се единствено решение.

Повеќе од една година Ковачевски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Во петокот сите лаги на СДС потонаа, не само што немаа 80 пратеника, немаат ниту 70.

СДС знаат дека во моментот кога ќе ги стават на гласање уставните измени, тие ќе пропаднат, затоа развлекуваат во надеж месец повеќе да останат на власт.

Додека СДС се држи за власта како за сламка за спас, Македонија тоне. Народот живее од ден во ден се полошо.

СДС ја оддалечува Македонија од ЕУ со криминалот, корупцијата и неспособната политика која ја водат. Единствен излез се избори. Избори за промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ