-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Ќерката Пановска му дава тендери на таткото Пановски, а институциите молчат
-->

Клиниката за Хематологија, каде директор е Ирена Пановска Ставридис, и дала тендер на веледрогеријата др. Пановски, сопственост на таткото на директорката на Хематолигија. Договорот кој е склучен на 6 јуни оваа година тежи 900.000 евра.
Ова не е прв договор кој сопственикот на др. Пановски го добива од својата ќерка. ДКСК отвори случај пред неколку години, кој се уште нема завршница за тендери во висина од 3 милиони евра кои биле дадени од ќерката на таткото Пановски.
Договорите за набавка кои ги склучува веледрогеријата др. Пановски, каде сопственик е таткото на Ирина Пановска Ставридис, директор на Клиниката за Хематологија од истата таа клиника се чист судир на интереси, и смрдат на корупција.
Ќерката Пановска како директор има комплетен увид во постапките за јавни набавки и постои сомнеж дека може да влијае врз изборот на фирма со која ќе се склучи договор за набавка.
Дополнително, ќерката Пановска може да го доведе таткото Пановски во предност пред другите потенцијални понудувачи со тоа што предвреме ќе го известува за суштински работи поврзани со постапката за набавка.
ДКСК која 3 години молчи за непотизмот и корупцијата во Клиниката за Хематологија веднаш да ја продолжи постапката, а ЈО да отвори случај за потенцијални кривични дела.
Премногу е, додека бизнисите на народот тонат, тие на семејствата на функционерите од СДСМ и ДУИ да вртат милионски тендери. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија