-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ ја напушти лидерската средба: Власта се однесува непродуктивно и девијантно
-->

-ВМРО-ДПМНЕ беше дел од таканаречената средба овде во Клубот на пратеници, заедно со претседателите на повеќе политички партии. Навистина за нас не беше јасен концептот зошто сите политички парламентарни партии не се застапени на овој состанок и добивме објаснување кое навистина не можевме да го прифатиме во стилот во кој ни беше објаснето, истакна Мицкоски.
Претседателот на партијата истакна дека како партија изразиле сериозен револт и негодување на, како што рече, девијанстното однесување на владини претставници и парламентарното мнозинство во текот на вчерашниот ден.
-На неделовнички начин, на начин кој досега не беше пракса во политичкиот живот во Република Македонија се усвои потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициона партија, а се со цел да се намали бројот на потребни пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 81 на 61 пратеник. Ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме револт по ваквото однесување, ги кажавме причините поради кои го напуштаме овој состанок на парламентарните политички партии кои беа поканети, им се извинуваме во наше име на сите парламентарни партии кои не беа дел од овој состанок, навистина не бевме во можност да делуваме и во нивно име протестираме, нагласи Мицкоски.
Тој го повика претседателот на Владата, Зоран Заев во најскоро време, во текот на утрешниот ден, не подоцна од понеделник да организира лидерска средба во формат кој не би надминал повеќе од четворица.
-Како што беше праксата и до сега, односно најголемата политичка партија која ја сочинува владата, најголемата политичка партија на Албанците во Република Македонија која е коалиционен партнер во владата, најголемата опозициона партија, во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициона партија на Албанците во Република Македонија да седнеме, да разговараме отворено за сите оние отворени прашања кои му претходат на формирањето на новиот состав на ДИК, па дури потоа да дискутираме за формирањето на новиот состав на Комисијата, вели Мицкоски кој изрази надеж дека ќе преовладува разумот и мудроста кај владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити
-
Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек