Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на социјалната мрежа ФБ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река. Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи (член 18 од Законот за нус производи од животинско потекло – Сл. весник на РСМ бр. 08-3248/1 од 14 јуни 2023 година).
За сторен прекршок - нештетно отстранување и употреба на Категорија 3 материјал - нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нус производите од животинско потекло (член 11 и 14 од Законот), операторот е казнет со парична казна од 2 илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест).
Крвта како нус производ од колењето животни ( нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО