ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да го расчистат вандализмот во Љуботен
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика надлежните институции и министерот Оливер Спасовски веднаш да го расветлат случајот со вандалското уништување на 30-тина православни гробови во Љуботен и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата.
- МВР трет ден нема приведено ниту откриено ниту едно лице од оние кои на кукавички начин сквернавеа гробови во Љуботен. Овој подол чин предизвикува страв и нервоза кај населението. Оливер Спасовски и МВР упорно молчат, што го отвора прашањето дали намерно ги кријат сторителите. Виновниците за овој чин не се откриени, што говори дека или МВР нестручно и непрофесионално ја врши работата или тенденциозно дозволува ваквите инциденти да се повторуваат со цел да се крене поголема тензија меѓу граѓаните, изјави Дејан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој смета дека ваквите провокации може да предизвикаат конфликти кои ја дефокусираат јавноста од сериозни политички процеси што се одвиваат во Македонија, а се однесуваат на идентитетските прашања поврзани со македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската историја.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен