ВМРО-ДПМНЕ: 55.000 работници на улица, а фирмата на Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2.100%
55.000 луѓе останаа на улица, половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден, 6.200 фирми затвори поради корона кризата, а фирмата на Љупчо Николовски го зголеми својот профитот за 2.100%.
Гиганти во македонската економија, регионот и Светот бележат пад во профитите, а фирмата на вицепремиерот Николовски книжи огромни профити.
Кој бизнис го врти Николовски па за само една година остварил галопирачки раст на приходите?
Дали Николовски врти државни тендери или во прашање е соработка со фирми кои мора да соработуваат со него?
Зошто Николовски својот пример не го споделил со останатите 6.200 фирми кои пропаднаа, или можеби не станува збор за успешен пример, туку за привилегиран субјект на пазарот?
Ја повикуваме ДКСК да отвори случај и да го испита работењето на фирмата на кланот Николовски.
Дали функцијата на Николовски всушност го овозможила рапидниот раст на приходите?
Доаѓа време за одговорност.
Ново на Сител
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом