Фудбал
23. May 2016 - 19:05

Влезниците за Иран и Белорусија по 100 денари

На седницата на Управниот одбор на ФФМ која се одржа на 23.05.2016 година меѓу другото беа донесени следните одлуки:
 
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на влезници за натпреварите на А репрезентацијата на Македонија против Иран на Националната арена „Филип Втори“ и натпреварот на репрезентацијата на Македонија до 21 година против Белорусија на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
 
Цена на влезница за натпреварот Македонија - Иран изнесува 100 денари.
 
Цена на влезница за натпреварот Македонија до 21 година - Белорусија до 21 година изнесува 100 денари.
 
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за признавање на надлежноста на спортскиот арбитражен суд формиран при Меѓународниот Олимписки Комитет.