Владата со поконкретни мерки за справување со загадениот воздух
Информација со предлози за справување со високото ниво на загадување на воздухот, во текот на летниот период и во текот на целата година презентирало на денешната 28 седница на Владата Министерството за животна средина и просторно планирање.
Еден од предлозите на Министерството за справување со високото ниво на загадување на воздухот во Република Македонија се вели во соопштението од владината служба за информирање, е и засилен мониторинг на спроведување на сите пропишани мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, како и навремено информирање на Владата за ефикасно спроведување на дефинираните мерки во планските документи.
- Со оглед на фактот што досегашната работа Интересорската работна група (ИРГ) за справување со овој проблем не ги даде очекуваните резултати, донесена е одлука за проширување на ИРГ со членови од други релевантни институции, замена на постоечки неактивни и пензионирани членови со други и учество и координација на ИРГ од функционери од МЖСПП на повисоко политичко ниво, се наведува во соопштението од Влада.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на струмичката полиција
-
УГД го објави конкурсот за новата академска година – Слободни 4.000 места
-
Преглед на вестите од светот
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор
-
Мицкоски ќе земе 500 милиони евра позајмица од Орбан
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи, но не со свиткана кичма