Македонија
12. July 2024 - 12:18

УГД го објави конкурсот за новата академска година – Слободни 4.000 места

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ го објави конкурсот за упис на студенти за претсtојната академска 2024/25 година. Има близу 4000 слободни места за во државна квота, за кофинансирање и за вонредни студенти. Идните бруцоши можат да се одлучат за една од 70-те програми на 13 факултети и три уметнички академии. 

- Сите овие студиски програми се достапни на нашиот интернет сајт, сите заинтерсирани кандидати можат да влезат, да ги посетат, да ги видат и да ги научат, да видат со кои профсори можат да работат и понатаму во овие летни жешки денови можат и да аплицираат. Сето тоа може да се направи  он лајн, порталот е отворен, со неколку клика ќе можат да направат свој профил и да ги внесат основните податоци- изјави Мишко Џидров, проректор за настава – УГД – Штип

Во втората фаза од аплицирањето, од 5-ти август па понатаму ќе треба и лично да ги достават документите за упис на избраниот Факултет или Академија. Најдобро рангираните кандидати ќе бидат ослободени од партиципација. 

- Особено е интересна програмата по македонски јазик и книжевност, каде се ослободуваат сите кандидати кои што ќе се запишат во сите 3 уписни рокови и тоа не се однесува само за прва година на оваа катедра, туку на сите 4 години од студирањето, додаде Џидров

За втор и трет циклус студии има 1000 слободни места.

- Дополнителе Третиот циклус на студии е организиран по кампуси. Конкурсот содржи студиски програми во 3 кампуси од областите на медицински, технички и општествени науки-изјави Зденка Стојановска, проректор за наука – УГД- Штип

Дополнителен бенефит е членството на УГД во Европската алијанса, што им овозможува мобилност на студентите да студираат еден или два семестри на некој од престижните универзитети.