Македонија
12. July 2024 - 16:39

Врие од полиција во скопски Центар по вознемирувачките снимки објавени во јавност

Врие од полиција во скопски Центар, откако вчера во јавноста беа пуштени вознемирувачки снимки од деца кои вандализираат парк во Капиштец. Снимките ги анализираат експертите во МВР, но се уште не се идентификувани сторителите на хаосот во паркот во скопски Капиштец.  

И градоначалникот на Центар, вчера излезе на терен.

По вознемирувачките снимки, вријат и социјалните мрежи.

„Вакво дивеење, невоспитаност, некултура, примитивизам не се дозволени.Вакви појави има низ цело Скопје“, напиша корисник на Икс.

„Ваков вандализам е секојдневие во сите општини“, коментира друг корисник на Твитер.

„Тошковски да ги идентификува вандалите и нивните родители“, побара и претседателот на Советот на Град Скопје.

На видеата направени од жителите близу паркот, може да се забележи дека „летале“ реквизити, а дел од тинејџерите си ги покажуваат акробатските вештини со дувалка за лисја, која претходно ја украле од комунален пункт. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, соопштија властите .