Владата прогласи кризна состојба за пожарите
Кризна состојба во Македонски Брод и Општина Чашка прогласи Владата. По седницата оддржана за состојбата со пожарите во земјава, Управувачкиот комитет за координација со кризи одлучил оваа мерка да важи во наредните 30 дена. Владата координирано ќе делува во овие опожарени места. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека е потребно институциите да се мобилизираат и заедно навремено да делуваат во гаснењето на пожарот.Тој изјави дека граѓаните се надвор од опасност и нема простор за паника кај жителите од околните населени места. Пламените јазици беснеат на недостапен терен. Попладнево авионите на ДЗС интервенираа и во Гостиварскиот регион. Во гаснењето на пожарите се вклучени и два хеликоптери на Р. Бугарија Р.Турција. Кризната состојба е прогласена поради зголемена опасност кај селото Калуѓерец каде пожарот е во непосредна близина на куќите. Се работи за пожарот што се префрли од селото Могилец. На теренот екипите дејствуваат, но се бара интервенција од воздушни летала.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест