Владата препорача исплата на октомвриските пензии од 27 октомври
Владата на вчерашната 13-та седница им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат од 27 овој месец.
Како што информира владината Прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжила Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година.
– Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари, се наведува во соопштението.
– Целта на Предлог на Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, е создавање услови за целосна имплементација на член 147-а од Законот за служба во Армијата на Република Македонија, според кој, активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата остварува право на стаж на осигурување со зголемено траење, односно бенефициран стаж, информира владината Прес-служба.
Владата на седницата го утврди и најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност.
– Со предложените измени се пролонгира рокот за избор во научни звања, односно лицата кои се фаза на стекнување на овој статус да ги завршат докторски студии и да бидат избрани во научно звање научен соработник, со што се надминува состојбата поради која немаше законски основ за исплата на септемвриската плата во научните институти, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Приведен 49-годишник на ГП Долно Блаце, управувал со автомобил „ауди“ кое било барано од Интерпол
-
Малолетник нападнат од две лица во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар во Скопје
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово
-
Уапсен 40-годишник од Скопје, баран за издржување казна затвор од четири години
-
Меси: Сите сакаа да го копираат Гвардиола
-
На „Табановце“ се чека до половина час, на „Богородица“ и „Дојран“ до 15 минути
-
Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување