На „Табановце“ се чека до половина час, на „Богородица“ и „Дојран“ до 15 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Времето на чекање за излез на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ е од 10 до 15 минути. На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, информираат попладнево од АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност