Владата најостро ги осуди нападите врз новинарите на протестот за случајот „Монструм“
Владата на Република Македонија најостро ги осудува нападите врз новинарите што случија за време на протестите после судските одлуки во случајот „Монструм“.
Во демократски општества, се наведува во денешното соопштение од владинара прес-служба, секој има право на изразување незадоволство, но насилничките инциденти се неприфатливи и недозволиви.
– Поаѓајќи од својот јасен став за нула толеранција за ваквите инциденти, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран и дека сите институции во државата, како и обвинителството и судовите, треба да постапуваат максимално брзо и професионално за било кој напад или закана против медиумските работници, стои во реакцијата од Владата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници