Бизнис
5. November 2018 - 17:42

Владата на седница расправа за Дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2018 година

– Владата на Република Македонија попладнево ја одржува 100-та седница на која на дневен ред  е дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на РМ за 2018 година.

Ребалансот на Буџетот беше прифатен од Владата на 13 октомври, а матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет ја почна расправата на 29 октомври. Во рамки на расправата во Комисијата беа прифатени  осум амандмани што ќе бидат дел од Дополнетиот предлог ребаланс на Владата што ќе се достави на усвојување во Собранието на Република Македонија.

Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за годинава е да се направат корекции на расходната страна со цел обезбедување финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), Пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување (АВРМ).

Ревидирањето на планираните проекции на приходите е пред се резултат на намалувањето на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од 812 милиони денари заради реализацијата во првите девет месеци од годинава.

Расходната страна на Буџетот е корегирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто