Владата ќе ја разреши Димова
Директорката на Националната Агенција за европски обазовни програми и мобилност, Лидија Димова, веќе може да почне да си ги пакува своите работи бидејќи Владата најави дека нејзиниот ангажман таму ќе трае до првата наредна седница бидејќи тогаш вицепремиерот задолжен за борба против корупција ќе достави предлог за нејзино разрешување.
„Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на националната агенција“, напиша вицепремиерот на социјалните мрежи.
Димова на прес-конференција рече дека не дава оставка бидејќи за програмата Еразмус+ може да аплиција секој. Случајот го истражува и финансиската полиција и антикорупциска, а своја истрага води и европската комисија.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација