Македонија
12. April 2022 - 10:11

Владата ќе ја одржи 37. седница

Владата на Република Северна Македонија денеска во 12:00 часот ќе ја одржи 37. редовна седница.

Како што информираат од владината прес-служба, според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледуваат Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, како и предлог за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Пред министрите ќе се најде и Информација за Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Северна Македонија за периодот 2021-2025 година, со Програмска рамка, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, како што најави владината прес-служба, јавноста ќе биде информирана со соопштение по нејзиното завршување.