Македонија
26. July 2022 - 19:26

Владата донесе одлука за испраќање армиски припадници на вежба во Германија

 

Владата на денешната 65-та седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Германија во период од 28 август до 21 септември 2022 година.

– На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили  на територијата на Република Северна Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови, се наведува во соопштението од владината седница.