Влада: Разочарани сме од одлуката на Бугарија, што не е во согласност со Договорот за пријателство
Разочарани сме од одлуката на Република Бугарија да не го поддржи усвојувањето на Рамката за преговори за Македонија, што не е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017, брифираат од Владата откако денеска на состанокот на КОРЕПЕР не беше постигната согласност за усвојување на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори поради противењето на бугарскиот амбасадор.
– Ние остануваме посветени на Договорот и уверени сме дека тој претставува одлична рамка за менаџирање на билатералните прашања и нуди механизми за надминување на проблемите. Во таа насока подготвени сме да дадеме појаснувања за да ги отстраниме загриженостите што се појавија во Република Бугарија.
Правото на нашето самоопределување е наше неприкосновено право. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик се факт и за тоа не треба да се разговара, бидејќи нашиот идентитет не предизвикува никакви претензии кон никого, ниту сега, ниту во иднина.
Веруваме дека со засилена комуникација и дополнителен ангажман постојат можности за излезни решенија за да имаме успех за сите нас, за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија. Во спротивно ќе имаме само споделен неуспех со што сериозно ќе биде доведено во прашање проширувањето на ЕУ како нејзин геостратешки интерес, велат од Владата.
Официјално Скопје е благодарно за силниот ангажман на германското претседателство и силната поддршка од сите земји членки овој процес да заврши со успех и во интерес на вредностите на кои почива Европската Унија.
– Македонија нема да отстапи од остварувањето на нашата стратешка цел, споделена и прифатена со Европската Унија, да ги отпочне преговорите за членство и продолжува да биде активен учесник во разговорите коишто продолжуваат наредните денови. Деновиве ќе има средби на КОРЕПЕР, како и состанокот на ГАК (General Affairs Council, средба на министрите за надворешни работи или министри за ЕУ на земјите членки) и состанокот на Европскиот Совет и ние уште еднаш ќе ги предочиме јасно нашите аргументи со цел да ги афирмираме можностите да се надмине оваа ситуација. Постои силна определба и фокусираност од различни страни со цел постигнување на заеднички европски успех, брифираат од Владата.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија